На 23.01.2024 година во 12 часот, на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, приведен е 61 годишен охриѓанец.

При претходно извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 60 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле товарно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, тој на полициските службеници, во сообраќајните документи им оставил пари со цел да не преземаат службени мерки против него, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews