На 19.05.2024 во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 36 годишно лице од Охрид.

Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е здржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 19.05.2024 во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со тешки телесни повреди било донесено лице од Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2024 во 01.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид агресивно се однесувал кон неговата сопруга.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.05.2024 во 21.20 часот во ОВР Струга, пријавено е дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга, мотоцикл „кавасаки“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 26 годишно лице од Струга, излетал од патот.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews