На 12.05.2024 од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.

Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 76 возачи, кои во и надвор од населени места управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив во Охрид-15, Струга- 42, Кичево- 12, Дебар- 07, информираат од СВР Охрид.

На 12.05.2024 во 20 часот, на улицата „Мите Димоски“ во Струга, 30 годишно лице физички нападнал 24 годишна девојка, двајцата од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews