Ноќеска во 00.40 часот на улица „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 22-годишно лице одКочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Вчера во 15.10 часот во СВР Охрид, жител на Гостивар пријавил дека на ул.„Св.Климент Охридски“ во Охрид неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, се наведува во полицискиот билтен.

OhridNews