Изгребано дете во градинка, уништен инвентар во угостителски објект, оштетена гробна плоча, приведено лице кое поседувало дрога се настаните за кои денес известува СВР Охрид.

На 06.09.2024 година, 38 годишно лице од Охрид, во СВР Охрид пријави дека при преземањето на неговиот малолетен син од детска градинка, кај него, забележал гребаници и подливи. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.09.2024 год во 15.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на 05.09.2024 година, во угостителски објект во Охрид, 34 годишно лице од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и уништување на дел од инвентарот. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2024 година во 09 часот, во СВР Охрид е пријавено оштетување на спомен плоча на гробно место на гробиштата во селото Злести, општина Дебрца. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.09.2024 година во 23.45 часот, на улицата „Гоце Делчев“  во Охрид, полициските службеници  привеле 20 годишно лице од Охрид. При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана и еден грендер со остатоци од марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews