По преземени оперативни мерки полициски службеници од СВР Охрид идентификуваа шест лица кои на 28.11.2024 во 23.20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски Просветители“ со улицата „Партизанска“ во Охрид го нарушија јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
На разговор се повикани 24, 18, 23, 28 годишни лица, сите од Охрид, како и двајца 17 – годишници, едниот од Охрид, а другиот од Струга. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 19 годишна девојка од тетовското село Жилче.
При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.12.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 71 годишно лице од Охрид.
Тој претходно, во неговиот дом во Охрид агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а потоа и кон полициските службеници кои биле повикани. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.12.2024 во 17.10 часот, пред продажен објект лоциран на локален пат помеѓу струшките села Лабуништа и Подгорци, 55 годишна жена од Подгорци го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз 34 годишната жена од Лабуништа.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews