На 29.01.2025 во 21.10 часот на улица „Александар Турунџев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 39 годишно лице од Охрид.

Тој претходно во семејниот дом физички го нападнал неговиот 34 – годишен брат. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 29.01.2025 во 22.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Даме Груев“ во Охрид,  едно лице со остар предмет нападнало друго 51 годишно лице, двајцата од Охрид.

При тоа му нанел телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.01.2025 во 16.00 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа три лица на возраст од 29, 54 и 42 години, сите од Охрид.

Тие, претходно пред продажен објект на истата улица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

На катастарска парцела во Охрид во државна сопственост, спротивно на одобрен основен проект, тој неовластено извршил проширување со узурпирање на дворно место од заеднички станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор и било донесено решение за отстранување на градбата, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews