На 26.06.2024 година во 17.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од три лица врз 82 годишно лице, сите од Охрид.
Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
На 26.06.2024 година во 21.50 часот, на улицата „Богомилска“ во Охрид, лишени од слобода се 28 и 36 годишни лица, двајцата од Охрид.
При претходно извршен преглед, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews