На 23.07.2024 во 02 часот, на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид неколку лица физички нападнале 17 – годишник од Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годипно лице од струшкото село Добовјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 14.05.2024, при сообраќајна контрола, извршена на регионалниот пат Охрид – Струга, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека тој врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган, информираат од СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43 годишно лице од тетовското село Теарце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој, на 26.06.2024 во станбен комплекс во Струга запалил отпадни материјали, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews