На 15.04.2024 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на 14.04.2024 година околу 23 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, едно лице физички нападнал 36 годишна жена, двајцата од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 14.04.2024 година од 14 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале возачи кои, во и надвор од населени места, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив во Охрид-19, Струга-25, Кичево-12, Дебар-10, велат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46 и 76 годишни лица, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тие, на катарстарска парцела во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседуваат правосилно одобрение за градење издадено од надлежен Државен орган, извршиле доградба на семејната куќа, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews