Вечра во Полициската станица Охрид бил извршен службен разговор со 53 годишна жена од Охрид.
Таа се сомничи дека околу 14.00 часот во населбата Св. Стефан во Охрид физички нападнала 49-годишна жена од Охрид. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.
Истиот ден, малолетник од Охрид – ученик во средно училиште во Охрид, пријавил дека му се заканувале.
Во присуство на негов родител, пријавил дека на 28.11.2023 во училиштето во кое учел, поради претходно недоразбирање, еден ученик од истото училиште и четири други лица му се заканувале, додаваат од СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews