На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведено е 29 годишно лице од Охрид, поради сомнение дека претходно, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, со уште едно лице, физички нападнале 71 годишно лице од Охрид.

По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 29.04.2024 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 11 моторциклисти кои управувале мотор, без заштитна кацига (Охрид-04, Струга-03, Кичево-01, Дебар-03). Во наредниов период, полициските службеници ќе ги интензивираат контролите на моторциклистите со цел, доследно почитување на законската обврска за користење заштитна кацига и друга заштитна опрема при управување со мотор или моторцикл и зголемување на степенот на сообраќајната безбедност и култура,

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Овозможување употреба на наркотични дроги“.

Тој, во ноќен клуб во Охрид, на друго лице од Струга, му овозможил употреба на марихуана при што, бил затекнат од полициски службеници, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews