На 12.04.2025 година во 03 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, две лица физички нападнале едно лице, сите од Охрид.

Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 12.04.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга, по претходна судска наредба, извршија претрес во домот на 44 годишно лице од Струга.

Притоа, пронајдена е, и поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје, одземена е една пневматска пушка марка „Гамо“. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews