На 02.11.2024 година во 00,00 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведенo е 18 годишно лице од селото Лешани, општина Дебрца.
Тој претходно пред угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, физички нападнал 18 годишно лице од Охрид. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против лицето од Лешани, велат од СВР Охрид.
На 01.11.2024 година во 22,30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, врз основа на член 9 од Законот за гранична контрола-„нелегално преминување на државната граница“, привеле 23 и 33 годишни лица, двајцата од Алжир.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бид поднесена соодветна пријава.
На 02.11.2024 година во 03.05 часот, по извршена кражба во продажен објект лоциран на улицата „Абас Емин“ во Охрид, затекнати се две малолетнички од Охрид.
Во присуство на нивните родители, бесправно одземените производи се вратени на сопственикот а по целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.11.2024 година во 19.35 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, кај селото Подмољје, лишено од слобода е 36 годишно лице од Охрид.
При извршен преглед на местото околу неговото моторно возило „Шкода“ каде бил сопрен, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа паковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews