На 05.09.2024 година во 13.55 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 21 годишно лице врз 20 годишно лице, двајцата од Охрид.
Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews