На 13.04.2025 во 22 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 43 годишно лице од истото село.
Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички нападнал 25 годишно лице од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 13.04.2025, при контроли во патниот сообраќај извршени на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 42 возачи на моторни возила кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.
Од нив 10 од Охрид, 11 од Струга, 12 од Кичево и 9 од Дебар-09. Против нив, согласно одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај, поднесени се прекршочни платни налози. Во наредниот период, контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел, подигнување на сообраќајната безбедност и јакнење на сообраќајната култура кај возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, посочуваат.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катарстарска парцела во охридското село Рамне, без одобрение за градба, неовластено изградил објект за времено сместување кој спаѓа во градба од втора категорија, што било констатирано и при извршен вонреден инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор од општина Охрид, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews