На 26.07.2024 во 19.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа на брегот на Охридското Eзеро во Охрид, едно лице физички нападнал битолчанец. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

На 26.07.2024 во 22.15 часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга приведоа 25 годишно лице од струшкото село Корошишта.

При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,

На 26.07.2024 во 18 часот во ОВР Струга е пријавено дека на нива со пченица во атарот на струшкото село Ливада настанал пожар.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews