На 29.12.2024 во 01.45 часот на улица „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 18 годишно лице од Охрид и 31 годишно лице од Крива Паланка затоа што претходно, пред продажен објект на истата улица физички нападнале лице од Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2024 во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 18 годишно лице од охридското село Велгошти.

Тој, претходно во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид, физички и со остар предмет нападнал 19 годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 29.12.2024 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека 69 годишник од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид извршиле преглед врз 22 годишно лице од Охрид, при што пронашле и одзеле секира.

Против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Законот за оружје.

На 29.12.2024 во 17.35 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода едно 25 годишно и две 19 годишни лица сите од струшкото село Лабуништа, како и 22, 20 и 40 годишни лица, сите од селото Подгорци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во селото Лабуништа физички нападнале 53 годишно лице од Лабуништа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

На 29.12.2024 во 19.45 часот, при вршење кражба во продажен објект во трговски центар во Струга, затекната е малолетничка од охридско село.

По консултација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи, ОВР Струга ќе поднесе соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews