На 25.06.2024 година во 15.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на 24.06.2024 година околу 03.30 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, едно лице физички нападнал 21 годишно лице од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 25.06.2024 година во 14 часот во СВР Охрид, 31 годишна жена од Битола, пријавила дека на локален пат во близина на охридското село Љубаништа, била касната од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24 и 25 годишни лица, двајцата од Охрид како и против 24 годишно лице од охридското село Куратица, поради постоење основи на сомнение дека сите заедно сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а лицето од Куратица го сторил и кривичното дело „Спречување на докажување“.

На 14.06.2024 година во 21.55 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, на улицата „130“ во Охрид, извршија преглед во помошен објект што го користел 25 годишното лице од Охрид и притоа пронајдоа предмети со траги како и опаковки со кокаин и марихуана што претходно ја набавиле другите две лица наменети за натамошна препродажба на наркозависници. При прегледот, лицето од Куратица се обидело да уништи дел од пронајдените опаковки. Тројцата беа лишени од слобода, а судија на претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews