Рано утрово во 05 часот, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир, при што охриѓанец физички нападнал 40-годишен сограѓанин.

Нападнатиот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид а против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во билтенот евидентиран е и инцидент што се случил вчера во една од канцелариите на управните служби при СВР Охрид.

Жител на Велгошти бил агресивен кон вработените по што извршил неовластено снимање во службените простории. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, посочува Димоски.

OhridNews