На 08.01.2025 во 23.15 часот, во угостителски објект на улица „15 Корпус“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 21 годишно лице од Охрид врз 20 годишно лице од селото Белчишта, општина Дебрца.
По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 08.01.2025 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 42 годишно лице од Струга
Лицето е приведeно постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат од СВР Охрид.
На 08.01.2025 во 13.20 часот во струшко село, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 49 годишно лице.
Лицето е приведено постапувајќи по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews