СВР Охрид информира дека во текот на вчерашниот ден во два одделни случаи бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад и физичка пресметка во Охрид и Дебрца.
На 21.08.2024 во 14.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Ботун, општина Дебрца, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од 49 годишно лице од Ресен врз 65 годишно лице од с.Ботун. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.08.2024 во 16.47 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул. „Даме Груев“ во Охрид, поради нарушени односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 74, 26, 69 и 72 годишни лица, сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
OhridNews