Синоќа во 21.15 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 50-годишен и 24- годишен охриѓанец, затоа што физички нападнале 38-годишен сограѓанин, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така вчера, во 13 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во семејниот дом во охридско село маж физички ја нападнал неговата сопруга и агресивно се однесувал кон другите членови на семејството.
Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
OhridNews