Синоќа околу 23.00 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, три лица физички нападнале 32-годишен охриѓанец.

По целосно расчистување на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Исто така вчера, во 17.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Горни Друм“, атар на охридското село Свињишта, под засега неразјаснети околности, со повреда од куршум во потколеницата се здобил 61-годишен жител на  Охрид.

Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот, информира  СВР Охрид.

Изминатата вечер од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид- 04, Струга- 01, Кичево- 06).

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, стои во полицискиот билтен.

Г.М.