На 18.01.2025 година во 05,40 часот, пред продажен објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, 23 годишно лице од Охрид, откако претходно бил вербално навредуван од 54 годишно лице, физички го нападнал.

Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 17.01.2025 година во 14.50 часот, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, лишени од слобода се две лица ба возсраст од 35 и 36 години, двајцата од охридското село Велгошти.

При преглед во патничкото моторно возило „Ауди“ во кое се наоѓале, полициските службеници, кај 35 годишното лице пронајдоа и одзедоа четири најлонски кесички со непозната бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.01.2025 година во 18.50 часот, во струшката населба „Плитишта“, лишено од слобода е 43 годишно лице од Охрид.

Тој претходно, во близина на казино, лоцирано на истата улица, со својот автомобил „Мерцедес“, удрил во паркирано возило „Голф“ по што се обидел да го напушти местото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews