На 29.10.2024 во 01.30 часот, пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, 33 годишно лице физички нападнал 62 годишно лице, двајцата од Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
Тој, на 29.09.2024 година во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија по што, физички ги нападнал. Истиот беше приведен и лишен од слобода.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и 54 годишно лице од Кичево, за „Несовесно работење во службата“.
49 годишното лице во својство на в.д. директор на Управа за водење на културно наследство – Скопје, со пропуштање на должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дали избраната агенција за обезбедување имоти и лица „2СС“ со седиште во Кичево, се придржува на потпишаниот договор и дали врши физичко и техничко обезбедување на локалитетот како што било предвидено, свесно и овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4 926 250 денари. Второпријавениот, вработен како одговорно лице во Агенцијата, по склучување на договорот со управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број на вработени лица. Исто така не се придржувал на законот за приватно обезбедување каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација, потенцираат од СВР Охрид.
OhridNews