На 28.02.2025 година во 23.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во апартман лоциран на „Кеј Македонија“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу 26 годишно лице од Охрид и 28 годишно лице од Кочани.

Расправијата прераснала во меѓусебна тепачка со користење физичка сила и стаклени предмети. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 28.02.2025 година во 02:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, на излез од селото Ново Село, општина Дебрца, патнички автомобил „Фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала 20 годишна девојка од Охрид, излетал од коловозната лента и испаднал во канал.

По незгодата, девојката со друго возило е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде се констатирани телесни повреди.

На 27.02.2025 година во 16:30 часот, во нејзиниот дом во струшкото село Мислешево, лишена од слобода е 44 годишна жена од истото село.

При претрес во нејзиниот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пет куршуми кои нелегално ги поседувала. Против неа, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews