Во рамки на спортската рубрика „Ф1 билтен“, во која ќе бидат обработени сите правила во најбрзиот авто-спорт, техничките карактеристики и безбедноста на болидите, случувањата во Ф1 тимовите и интересни моменти и пикантерии кои го пратат светското првенство во Формула 1, денеска, ќе стане збор за процедурата пред стартот на трката.
Стартна процедура
Старт
Пред секоја трка тимовите и возачите мора да се придржуваат на стриктна стартна процедура која започнува 30 минути пред формацискиот круг кога се дозволува излезот од боксот.
Возачите тогаш излегуваат од боксовите, возат еден круг и ги заземаат стартните места. Во случај возачот да сака да извози додатни кругови, секој таков круг мора да го извози низ боксовите како би ги заобиколил возилата на стартната позиција.
30 минути пред стартот со Мекларен
Излезот од боксовите се затвора 15 минути пред почетокот на формацискиот круг. Секој возач кој дотогаш не излегол од боксот, морат да стартуват на трката од пит рамнината.
Лошо спроведена стартна процедура (Монца – 1978 ) како причина за смртта на Рони Петерсон
Десет минути пред стартот на стартната рамнина не смее да биде никој освен техничкиот персонал, судиите на трката и возачите. Три минути пред стартот болидите мораат да имаат ставени тркала на шасијата, во спротивно добиваат казна од 10 секунди.
Една минута пред стартот сите болиди мора да се со стартовани мотори. Персоналот на тимовите мора да ја напуштат стартно-целната рамнина најмалку 15 секунди пред започнување на формацискиот круг. Ако не го сторат тоа возачот го казнуваат со казна поминување низ пит рамнината во првите пет кругови.
Ако некој возач има проблеми непосредно пред стартот должен е да ја крени раката да пријави проблем на старт. Тогаш се оди на нов формациски круг и рестарт, бројот на кругови за трка се намалува за еден, а возачот кој пријавил проблем стартува од пит рамнината.
Инцидент при старт на браќата Шумахер (2002 – Австралија)
Во текот на формацискиот круг не се дозволени пробни стартови. Исто така се забранети претекнувања освен ако некој болид има технички проблеми. Ако тие болиди го решат проблемот за време на формацискиот круг, смеат да се вратат на своето стартно место.
Во случај возачот да остане на стартот, а другите го започнат формацискиот круг, тогаш не е дозволено претекнување на другите болиди за да се врати на своето место, туку стартува од последното место.
Од како болидите ги заземат своите место на крајот на формацискиот круг, на семафорот се појавуваат пет црвени светла во интервал од една секунда, а кога ќе се појави петтото светло, следува гасење на црвеноте светла во интервал кога ќе одлучи судијата на стартот.
Кога возачот има проблем пред трката мора да ја подигне раката, а судијата задолжен за редот кај што се наоѓа возачот мора да сигнализира со жолто знаме и тогаш стартот се прекинува.
Од оваа стартна процедура се отстапува само кога има временски неприлики. Ако почне да врне дожд во време од три минути од стартот на формацискиот круг се палат светлата за прекин на старот ( abort lights) и стартната процедура се одложува за 10 минути за да се овозможи да се сменат пневматиците
Ако пак временските неприлики се претерано лоши, директорот на дрката има право да го одложи стартот и да ја продолжи стартната процедура кога ќе се подобрат условите или пак да донесе одлука да се стартува со сигурносно возило (SC).
Старт со безбедносно возило при лоши временски услови.
OhridNews