Правилата на FIA викаат дека секој тим може да има само два болиди. Резервни болиди не се дозволени, но сепак тимовите можат да донесат додатна шасија која може да се надогради во текот на викендот доколку една од двете шасии која се користат е оштетена и не може да се поправи.
Вакво оштетување на болидот дозволува надоградување на друга шасија (Алонсо).
Ако возачот го смени болидот помеѓу квалификациите и трката мора да стартува од боксовите. Промена на болид не е дозволена после старт на трката.
Старт од пит линијата после казна.
Постојат и правила за ограничување на погонските единици ( мотор и составните делови за обнова на енергијата) и менувачите. Возачот не смее да користи повеќе од пет погонски единици во една сезона.
Моторот на Рено.
Погонскита единица е составена од шест делови и секој дел е достапен за секој возач во четири примероци во сезона, а после тоа се добиваат казни. Елементите се: мотор, кинетички мотор генератор на погонската единица (MGU-K, motor generator unit – kinetic), топлински мотор на генераторот на единицата (MGU-H, motor generator unit – heat), акумулатор на енергијата (ES, energy store), турбо полнач (TC – turbocharger) и контрола на енергијата ( CE- control electronics).
Погонска единица и нејзините делови
Kинетички мотор генератор на погонската единица(MGU-K)
Ако возачот користи повеќе од четири примероци од било кој елемент од погонската единица во една сезона следува казна изразена како пет места назад од пласманот на квалификациите, десет места назад или стартување од бокс( ако е извршена промена на целата погонска единица).
Ако казната не може да биде реализирана во целост на една трка, остатокот не се префрла на следната трека. Како пример: ако возачот се квалификува на 18. место и добие казна да стартува десет места поназад, ќе стартува од последното место и со тоа ја обработува цела казна.
Менувачот на Ферари
Секој возач има право да користи само еден менувач во период од шест последователни трки. За секоја непланирана промена на менувач возачот се казнува со 5 места подолу. Секоја следна не планирана промена се казнува со истата казна. Тоа не важи за промената на запчаниците или прстените како составен дела на менувачот. Нив може да ги менуваат неограничено под услов делегатот на FIA лично да го потврди физичкото оштетување на делот.
Ако на некоја трка воачот не стигне до целта заради причини кои се надвор од неговата или тимската контрола, следната трка може да стартува со нов менувач без казна.
OhridNews