Во најновиот пост во рубриката Формула 1 билтен ви ги објаснуваме процедурите во боскот.
На секоја патека, патеката на боксот ( Pit – lane) е поделена на две патеки. Патеката од боксот која е поблиску до тркачката патека се вика “брза патека“ ( fast lane ), а поблиската до гаражите се вика “внатрешна патека“ ( inner lane).
Движење по внатрешната патека (inner lane)
Брзата патека и тркачката патека се одделени со места каде се командните места ( pit board) од каде секој тим ги следи своите возачи.
Red Bull – pit board
FIA ги одредува местата на гаражите и просторот во внатрешната патека каде тимовите можат да работат на болидите, а имаат и едно означено место ( pit box ) каде возачите застануваат за време на тренинзи и трката.
На подлогата на Пит Боксот, освен сушење и метење, тимовите не смеат да преземаат никакви други активности во однос на подобрување на грипот.
Чистење на пит боксот
На персоналот му е забрането да застанува на пит боксот освен во моментите непосредно пред застанување на болидот и мораат одма да се повлечат после завршената работа.
Исто така постојат правила после завршената работа кога и како се враќа болидот на пит линијата преку која стигнува на патеката. Човекот со лопатчето ( loly – pop ) прво чека на знак на подигната рака на секој водач на групите за работа ( група за промена на пневматици, група за пресетинг на спојлери и.т.н.) па ако не пoминува друг болид дава знак возачот да стартува. Во спротивно следува казна во самата трка, најчесто поминување по пит линијата, а екипата добива парична казна.
Сите на свои места кога ќе стигне болидот
Во текот на тренингот доливање на гориво е дозволено само во гаражите на екипите. Во гаражата возачот има право да остане во болидот но моторот мора да биде угасен. При долевање на гориво персоналот мора да носи заштитно против пожарно одело но тука мора да има еден задолжен со против пожарен апарат.
Не внимателно доливање на гориво кај Сена
За движење низ пит линијата постои и ограничување на брзината од 80Km/h на сите трки освен во Австралија, Монако и Сингапур каде заради конфигурација на патеката изнесува 60Km/h.
OhridNews