Тим на посебни техничари вршат проверки на болидот и имаат право во секој момент за време на Гран При викендот било кој болид да го проверат.

Комплетна контрола на болидот во четврток.

Секој болид по план се проверува во четвртокот (Монако во среда) пред започнување на сите активности за викендот. Додека не ја помине оваа иницијална контрола болидот не смее да излезе на патеката. Ако болидот има некои поголеми проблеми или ако имал поголем инцидент повторно се врши оваа контрола. 

Мерење на тежина на болидот.

Освен основната проверка, сите болиди се вагаат да се провери дали одговораат на прописите на минимална тежина ( 702 кг со возачот ). Болидите кои учествуваат во Q1 и Q2 по случаен избор се повикуваат на вагање. Оние кои стигнуваат до Q3 одма после квалификациите сите одат на проверки на тежината. На крајот од трката на сите кои стигнале до целта им се прави контрола и вагање. 

Мерење тежина на возачот.

Ако некој болид заедно со возачот не тежи минимални 702 кг се исклучува од трката или му се понуштуваат резултатите во квалификациите освен ако се работит за болид накој е откачен некој дел. Секако дека ова мора да се докаже дека било така.

Болидите во 1961 година кога минималната пропишана тежина беше 450 кг.

OhridNews