Во новиот билтен од Формула 1 ќе ги преставуваме судиите и кокпитот.
Кокпит
Големината на отворот на кокпитот во болидите мора да задоволи строги критериуми. За жал во овај поглед пресврт направи смртта на легендарниот бразилец Аиртон Сена.
Обидот за спасување на Сена
За проверка на тие критериуми се користи калап кој го користи FIA. Покрај ова има и други работи кои правилно изработениот кокпит мора да ги задоволи. Возачот мора да излезе од болидот без да вади ниеден дел, освен воланот. Онака како е обезбеден возачот, со сигурносни појаси и керсот ( за безбедност на вратот) мора да е во можност да го извади воланот и да излези од болидот за помаклу од 5 секунди и во следните пет секунди да може да го врати воланот.
Кокпит
Сигурносниот отвор кој го штити возачот во случај на судар, мора да биде најмалку 300 мм од стопалата на возачот но не смее да ја премине линијата која го спојува средиштето на предните тркала.
Судии
На секоја трка постојат седум главни судии кои ги пратат активностите на другите судии и службеници на патеката за да ги ускладат сите работи на патеката во рамките на правилата на FIA.
Пет од тие судии ги номинира FIA. Меѓу нив се директорот на трката ( во моментов Чарли Вајтинг), четири дополнителни судии( еден е главен, а еден мора да биде искусен возач), од кои три мораат да имаат супер лиценца на FIA.
Чарли Вајтинг – Директор на сите трки
Преостанатите двајца главни судии ги номинира Нациналната Спортска Агенција на земјата во која се држи трката. И те морт да ја имаат истата супер лиценца. Еден е главен службеник на патеката, другиот е дополнителен судија кој мора да биде од државата во која се оддржува трката.
Главниот службеник на патеката соработува со директорот на трката кој всушност го има главниот збор. Од директорот на трката, главниот службеник прима наредби и ги спреведува до службениците на патеката за време на целиот тркачки викенд.
Судија во командниот центар
Директорот на трката и главниот службеник на патеката, како и техничкиот делегат на FIA ( моментално Џо Бауер) обврзани се да одржат останок на патеката во четврток во 10 часот по локално време ( во Монако во среда).
Џо Бауер – Техничкиот делегат на FIA
Директорот на трката, главниот службаник на патеката и главниот судија мораат да бидат поврзани со радио врска додека болидите се на патека. Исто така, главниот службеник на патеката мора да биде во простотијата на контролата на трката и да биде во радио врска си сите службеници на трката.
OhridNews