Постојат многу строги правила за однесувањето на возачите кои ако не се почитуваат судиите им одредуваат различни казни. Некои од прекршоците се пребрз старт, предизвикување на инцидент, неспортско блокирање на противникот, пречење на возач кога престигнува за еден круг или пребзо возење во бокс.
Предвремен старт – Луси Хамилтон
Возачите не смеат да ја напуштаат патекита без оправдана причина. Како пример не смеат да слезат од шиканата пред и после мерење на времето на круговите за да се заштеди време и гориво при борбата со другите возачи и не смеат да го менуваат правецот повеќе од еднаш. Ако возачот се тргне од тркачката патека за да ја одбранит својата позиција од друг возач, смее да се врати назад само во случај ако остави простор помеѓу него и рабникот во ширина од еден болид.
Најчести казни во трката се: поминување низ бокс (drive-trough penalty),пет секунди стоење во бокс како и истата казна ама 10 секунди. Во случај на казна за стоење во бокс екипата за време на казната не смее да работи ништо на болидот (да менува гуми), но од 2014 година дозволено е при редовен влез во бокс прво да се одработи казната од пет (10) секунди па после тоа да се менуваат гумите.
Маса (drive-trough penalty) – Како возач на Ферари
Во било кој од наведените случаи, возачот има право да одбере во кои од трите кругови , откако ќе му се одреди казната, поточно од како тимот преку радио ќе го извести, да ја одработи казната.
Во случај да не го стори тоа му се истакнува црно знаме, а тоа значи исклучување од трката. Исклучок од ова е казната од пет секунди која возачот немора да ја одработи така да крајот тие пет секунди му се додаваат на времето кога ќе заврши трката.
Истакнување на црно знаме со број на болидот
Во некои случаи судиите можат да се одлучат и за построги казни. Можат да го казнат возачот со стартување од неколку места поназад(најчесто пет или десет места). Можат да додаваат временски казни на вкупното постигнато време или да ги дисквалификуваат.
Било кој возач на кого му се изречени пет опомени во една сезона автоматски се казнува со 10 места подолу на старт. Судиите имаат право да доделуваат и казнени поени на возчката Супер Лиценца (услов да се трка некој во F1). Ако на некој возач му се одредат 12 вакви казнени поени во перипод од 12 месеци тој возач ја губи Супер Лиценцата за една трка, односно нема да вози на една трка.
OhridNews