Во овој спорт од 2007 година има само еден добавувач на гуми. Од 2007 до 2010 Бриџстоун, од 2011 до денес Пирели. Според стручњаците предноста на еден добавувач резултира поголема изедначеност во брзината, смалување на трошоците за тестирањето и развојот, како и избегнување на фаворизирање на големите тимови и изработка на посебни гуми за истите.

На секоја трка тимовите имаат на распологање три спецификации на гуми за сува подлога. Спецификациите визуелно се разликуваат по бојата на страничните настписи: најмеките или ултра-софт(најновите), виолетова боја, со црвена боја се супер-софт, меки или софт со жолта боја, медиумот се бели и тврдите или хард со портокалова боја.

За време на тркачиот викенд, секој возач има на располагање 13 сета на гуми за суво, четири интермедиа ( са помалку вода на патеката) и три сета за влажна подлога ( full-wet).


Сите гуми на Пирели

Од тие 13 сетови за суво Пирели одбира два сета за трката (од кои еден мора да се користи за трката) и еден сет кој смее да се користи само за Q3( најмеките достапни за таа трка).


Најновите ултра софт гуми

Преостанатите 10 сета можат да бидат било кои од трите достапни компоненти, а возачите од еден тим имаат право да одберат различни компоненти.  

Пирели е должен да ги извести тимовите кои три компоненти ќе ги одбере најмалку 15 недели пред трката, ако трката се вози надвор од  Европа и 9 недели ако е во Европа.

Откако Пирели ќе објави кои три компоненти ќе се користат на некој трка, тимовите се обврзани према FIA да известат за изборот на гумите на своите возачи најмалку 14 недели пред трката надвор од Европа  и најмалку 8 недели ако е трката во Европа. Тогаш FIA дава налог на Пирели колку гуми мора да произведат. Ако некој тим не извести кои гуми ги одбира тогаш FIA наместо тимот одлучува.

 Како изгледаат гумите после трка  

Компонентите што ќе ги одберат возачите остануваат тајна до две недели пред трката.

За време на трката возачот е обврзан да користи минимум две различни компоненти на гуми за суво од кој едната мора да е онаа која ја одбрале од Пирели. Ова не важи ако се вози во услови на влажна патека.

Еден сет на гуми може да се користи само во првите 30 минути од првиот слободен тренинг, а после тоа во рок од 40 минути од почетокот на тренингот. Уште еден сет на гуми мора да се врати после првиот слободен тренинг и уште по два сета после вториот и третиот слободен тренинг.

После сето ова на возачите им останува по четири сета на гуми за суво, а тоа се два сета кои Пирели ќе ги одбере за трката од кои само еден сет мора да се користи на трката.

Исто така само еден сет на најмеките достапни гуми за тој викенд можат да се користат за време на Q3 и оние кое се квалификовале во Q3 мораат да ги вратат на Пирели пред почетокот на трката. Оние кои не се квалификовале во Q3 можат да ги користат за време на трката.

Возачите кои ќе стигнат до Q3, на трката мораат да стартуваат со гумите кои постигнале најдобро време во Q2.

Сите гуми добиваат единствен бар код на почетокот на викендот за да може FIA да го прати нивното користење и да се осигура дека ниеден тим ги нема прекршено правилата.

OhridNews