Во новиот билтен од највозбудливиот мото спорт, Формула 1 ви го преставуваме (Drag Reduction system).
Системот за смалување на отпорот на воздухот или DRS систем, се воведе во 2011 година со цел олеснување на претекнувањето. Задното крило на болидите е составен од два елементи, а DRS ситемот му овозможува на возачот со притискање на едно копче на воланот да го изравни горниот елемент, со што се смалува отпорот кој го создава крилото и се зголемува брзината на правец. Со тоа се губи downforce кој на правец воопшто не е потребен.
Приказ на системот.
Пред две години на тренинзите и во квалификациите DRS се користеше било каде и било кога на патеката. Но од 2013 година се користи само во т.н. DRS зони. Составот е така замислен да може да се користи за време на целиот круг за време на слободните тренинзи и квалификации но само ако се користат гуми за сува подлога зато што веќе кажавме дека се губи downforce, а тоа може да е погубно на влажна подлога.
Механизам на DRS.
Во трка се користи после третиот круг и тоа во случај само ако болидот е помалку од една секунда одалачен од тој пред себе на точката на детекција ( detection point), после која на одредена точка ( најчести на долг правец) може да се активира DRS системот на точката на активација ( activation point ).
Функија на DRS
Системот се деактивира ( крилото се затвора и се враќа во почетната положба) автоматски со притискање на кочницата или со повторно притисикање на копчето.
Споредба – отворен – затворен DRS.
OhridNews