Во новото издание од Билтенот од Формула 1 пишуваме и објаснува за бодувањето и генералниот пласман на пилотите.
Првите десет возачи кои ќе ја завршат трката освојуваат бодови и за возачкото и за контрукторското превенствоо по следната скала:
1. 25 Бодови
2. 18 Бодови
3. 15 Бодови
4. 12 Бодови
5. 10 Бодови
6. 8 Бодови
7. 6 Бодови
8. 4 Бодови
9. 2 Бодови
10. 1 Бодови
Крај на трка.
Од ова се остапува од 2014 година само на последната трка каде се доделуваат дупло бодови и ако трката е прекината и не може да се продолжи. Ако во случај на прекин на трката се извозени помалку од 75% од круговите се даваат пола бодови, а доколку се извозени помалку од 2 круга не се доделуваат бодови.
Подиум Бахреин.
На возачите им се собираат бодовите за пласман во возачи, а за конструктори се собираат бодовите на двата возачи од иста екипа.
Возачот и конструкторот со најмногу освоени бодови во сезоната ја освојуваат титулата Светски првак. Во случај на ист број освоени бодови пласманот се одредува со т.н. “квалитет“ на резултатот. Прво се споредува бројот на победи, а ако има потреба се споредуваат и другите пласмани почувајќи од второ место и.т.н.
Пласман
Често поставувано прашање во овај спорт е како може некој возач да биди класифициран во пласман , а да нема завршена трка односно се откажал при крајот на трката. Одогворот лежи во правилото кое вели дека кој завршил 90% од трката кога победникот ја завршил трката влегуваа во пласман за таа трка.
Пласман на возачи со број на извозени кругови – Русија
Ако трката е прекината пред крајот, возачите добиваат пласман од два круга пред прекинот.
OhridNews