Во најновата рубрика во Формула 1 билтенот на најчитаниот интернет портал во регионов, Ohrid News потсетуваме на дебито на Михаел Шумахер. 

Кариерара ја започна во картинг 

7-титули ( 5 последователни) 

91 – победа 

156 – подиуми 

77 – најбрзи кругови

68 – пол позиции

5071 – круг на прво место

16825 – извозени кругови
(до овде е на врвот на вечната табела )

308 – стартови ( позади Баричело кој има – 323)

Има уште многу да се брои во статистика на Михаел. Тешко е да се напише, а не да се оствари. Човекот за кого од 29 Декември 2013 година не само неговите фанови туку и сите љубители на F1 се молат за неговото здравје. Возач кој на денешениот датум, на трката во Белгија прави 25 години од неговото деби. Познат e како дрскиот возач во формула 1. Само дрзок човек може да го излаже Еди Џордан кој се двоумеше на кого да му даде шанса во 1991 година.

Шумахер Со Еди Џордан – човекот кој му озвоможи дебитантски два свиоци.

Пресудна беше лагата дека возел некогаш на Спа Франкоршамп за да Еди да го ангажира како дебитант на таа трка во својот тим “Џордан“. Лагата и затворската казна на Бертнар Гашо, дотогашниот возач на “Џордан“, обезбедија деби настап на Шумахер. За да не биде потполна лага четвртокот , вечерта без никој да знае, пред тренизните Шумахер ја поминал истата патека со велосипед. И треба да се биде дрзок во својата професија за да се освојат 7 титули од кои 5 последователно. 

Го зедов Шумахер заради ниската цена. Да знаев дека никогаш немал возено на Спа ќе ангажирав Стефан (Јохансон). Во тоа време никој не ангажираше возачи од спортски автомобили. Ако не бев јас никогаш немаше Михаел да добие шанса во F1“ – искрен е Еди.

За тој ден Михаел ќе каже : “Во првиот круг мислев дека завршив со мојата F1 кариера. Во вториот си реков…не е лошо. Но во третиот веќе ми беше удобно.“

 Вака го нарекоа само после едн ГП викенд при преминувањето во “Бенетон“ 

Гран при викендот помина во стил како целата негова кариера. Повикан од стјуардите да објасни зошто на тренингот така оштро влегол во комплексот свиоци “Автобуска Станица“ и го претекнал Алан Прост, едноставно му одговори на најискусниот стјуард Џон Корсмит: “Човекот беше бавен“. На прашањето дали знае кој е Прост следуваше повторно дрзок одговор: “ Знам и мене ми е полесно. Нему му е тешко. Тој треба да учи за мене“.

Се пласира седми на квалифилациите но неговата трка траеше само два свиока. Дефект на кумплугот. Теориите за заговор дека еден “малечок“ не смее да победи на првата трка беа одма отфрлени од “Џордан“, но сместувањето на Михаел во студентски дом каде делеше двокреветна соба со некој студент и многуте други работи остаа не разјаснати.

Дали тоа беше поттик да замине во “Бенетон“ само после една трка за “Џордан“?

Роден во Керпен. Само неколу километри од патеката во Нирбугринг. Шест години постар од својот брат Ралф. Михаел секогаш поблизок со својот татко, а Ралф со мајката Елизабет која почина 2003 година, кога после нејзиониот погреб следниот викенд браќата беа на победнички пиедестал. Дрскиот Михаел секогаш му помогнувал на својот татко при чистење на картинг патеката во Керпен каде татко му бил вработен.

Од мали заедно на патеката – Со братот Ралф во Керпен 

А Ралф? Ралф мислеше дека треба само да гледа и патеката ќе се исчисти без да му помага на братот. “Јас се родив во немаштија – ќе каже Михаел- додек кога Ралф се роди имавме повеќе пари. Ралф имаше повеќе задоволства во своето детство од мене. Не се љутев. Брат ми е “. 

Гумите не ни беа оладени кога Вили Вебер, неговиот менаџер, преговараше со “Бенетон“ за договор уште следната трка. “Џордан“ изгуби на судењето заради тоа што се објави пред време дека склучил договор со моторите на “Јамаха“, а го губи “Форд“. Наводно Михаел потпишал пред договор во кој Еди се обврзува да му доставува на Михаел болид со Фордов мотор.

После 10 години се обзнани дека цела работа ја “завршил“ Берни Еклстоун, супремото на F1, сакајќи конечно да најде возач кој ќе се спротистави на Сена и компанија кои тогаш беа доминантни во овој спорт. За жал ривалството со Сена траеше кратко заради смртта на бразилецот во 1994 година.

Првата титула со “Бенетон“ 1994 

Токму со “Бенетон“ беа освоени првите две титули за да следи 4 годишен пост, па 5 по ред нови со “Ферари“. Михаел Шумахер немаше лесна задача за да стигне до горе наведени бројки но во моментов пред него е најтешката задача. Се бори за живот после несреќата кој се случи 2013 година. Вестите се различни за неговата моментална состојба, Монтеѕемоло пред некој ден изјави:

Местото на несреќата – 29.12 2013 година 

“Среќен сум што Михаел почнал добро да реагира и од терапиите и према надворешниот свет. Знам дека е многу силен и знам дека ќе се извлече од оваа состојба. 25 години од првиот старт за него е голем јубилеј и јас нема посебно да го славам. Ќе чекам Михаел да се опорави и сам да ме покани да славиме заедно“.

Борба за приватност – Корина Шумахер 

Последната сензационална вест дека Михаел проодел уште не е потврдена ни од некогашниот негов ПР и менаџер Сабине Кем која изјави: “Мора да сме трпеливи. Знаете дека не смеам ништо да коментирам. Сите мора да сватиме дека неговото семејство сака да ја заштити неговата приватност и сите мора тоа да го прифатиме. Сите би сакале Михаел лично да ни се обрати ама мора да бидеме во се трпеливи па и во изјавите“.

Честит јубилеј голем човеку. Чекаме да се случи она што го најави Сабине.

Држи се маестро !

OhridNews