Синоќа околу 21.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 53-годишен државјанин на Република Албанија, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал 51 – годишна жена од Охрид во нејзиниот дом.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во СВР Охрид вчера на службен разговор бил повикан 48-годишен жител на Охрид по претходна пријава за вознемирување.

Тој бил пријавен дека, поради нерасчистени односи од порано, се заканувал и телефонски вознемирувал 38 – годишна жена од Охрид. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот Димоски.

Синоќа вo 20.30 часот во Полициската станица Охрид, 44-годишна охриѓанка пријавила дека окоу 14.15 часот во средно училиште во Охрид каде учела, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Димоски.

OhridNews