Во полицискиот билтен синоќа биле евидентирани два инциденти во кои учествувале малолетници. СВР Охрид соопшти детали за немилите настани за кои нема дополнителни информации за евентуална поврзаност.
На 10.01.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид, 40-годишен охриѓанка пријавила дека нејзиниот малолетен син, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, бил физички нападнат од три малолетни лица. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.
На 10.01.2025 во 19 часот во СВР Охрид, 45-годишен охриѓанец пријавил дека неговиот малолетен син, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, соопшти СВР Охрид.
Исто така вчера, во 11 часот, во ОВР Струга било пријавено дека во деловен објект лоциран на кеј „8 ноември“ во Струга, жена физички нападнала 37-годишна жителка на струшко село.
Се работи на расветлување на настанот,по што ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.
OhridNews