Во текот на вчерашниот ден во СВР Охрид пријавени се два случаи на семејно насилство.

На 12.03.2025 во 13.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.03.2025 во 16,15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, охриѓанец агресивно се однесувал кон членови на семејството и им упатувал закани. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

OhridNews