На 06.02.2024, полициски службеници од СВР Охрид, привеле 54 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од СВР Охрид.
На 06.02.2024 во 20.50 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е и 34 годишно лице од Охрид.
Тој во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија, велат од СВР Охрид.
По документирање на двата настани против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
OhridNews