На 29.07.2024 во 18.25 часот, на улицата „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 22 годишно лице од Охрид.

Тој претходно во семејниот дом физички нападнал член на семејството, а потоа агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 29.07.2024 во 21.20 часот на улицата „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 72 и 43 годишни лица, двајцата од Охрид.

Тие претходно физички нападнале член на семејството. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews