Утрово во 08.45 часот, во куќа во Вевчани, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вчера околу 11 часот, во куќа во струшкото село Радолишта, настанал пожар.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од членови на семејството, соопшти портпаролот Димоски.
Синоќа во 20.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на претходниот ден во продажен објект во Струга, граѓанин агресивно се однесувал кон 38-годишен жител на струшкото село Мислешево и му упатувал закани.
По целосно расчистување на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, посочи Димоски.
OhridNews