Утрово во 06.35 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, од слобода бил лошен 34-годишен жител на Австралија кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „Тешка кражба“ извршена во угостителски објект во Охрид.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 23.05.2024 година во 11.30 часот, во СВР Охрид пријавено било дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје, со болки во стомакот и градите.
При прегледот биле констатирани скршеници на ребра и други повреди. Било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање, појасни Димоски.
Во билтенот уште се евидентирани два случаи на насилство односно закани и агресивно однесување во семеен дом. Против пријавените ќе бидат преземени соодветни мерки, посочи Димоски.
Во СВР Охрид било пријавено и оддалечување на сопруга од семејниот дом. Полицијата работи на расветлување на случајот.
OhridNews
На 24.05.2024 година во 00.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.М.(51) од Охрид. Тој се сомничи дека на улицата „7 ноември“ во Охрид, бил агресивен и му се заканувал на С.Н.(62) од Охрид со што, ја загрозил неговата сигурност. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.05.2024 година во 01.15 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, Д.М. го физички го нападнал Х.З.(40), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.05.2024 година околу 03 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, М.К. од Охрид бил агресивен кон неговото семејство по што, оштетил дел од куќниот инвентар. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.05.2024 година во 10.10 часот во СВР Охрид, М.К. од Охрид пријави дека од семејниот дом, се оддалечила неговата сопруга. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање и целосно расветлување на настанот.
На 24.05.2024 година во 06.35 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, лишен од слобода е К.Р.Х. (34) од Австралија кој се сомничи, дека е сторител на кривично дело „Тешка кражба“ извршена во угостителски објект во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.05.2024 година во 11.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје, со болки во стомакот и градите кај кого, по преземени мерки биле констатирани скршеници на ребра и други повреди. По извршени активности, било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање
OhridNews