Ноќеска во 02.10 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид прибеле 24-годишно лице од Скопје кај кое бил пронајден кокаин.
Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селото Белчишта, општина Дебрца, три лица физички а потоа и со дрвен предмет, нападнале 40-годишен охриѓанец.
Иста така вчера, во 18.35 часот во село во општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 69-годишен жител на Охрид. Тој во викенд куќа во селото агресивно се однесувал кон членови на семејството и им се заканувал со огнено оружје. Од него одземен е пиштол „Црвена Застава“ и куршуми калибар 9 милиметри.
По целосно документирање на настаните, против инволвираните ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
OhridNews