При претрес на лице од Велес, синоќа полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронашле и одзеле марихуана.

Ноќеска во 02.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен бил 25-годишен жител од струшко.

При извршена контрола од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, тој се обидел да фрли бела прашкаста материја што ја имал кај себе, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 03.08.2024 во 03,45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа лоцирана но населбата „Бејбунар“, сопственост на 62-годишен охриѓанец избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Ноќеска во 00.40 часот, во Полициското одделение во струшкото село Велешта, од слобода се лишени две лица од Либражд, Република Албанија.

Тие се сомничат дека на подрачјето извршиле повеќе кривични дела кражба и тешка кражба. По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

Г.М.