Ноќеска во 01.45 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е 28-годишен охриѓанец.

При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Синоќа во 19.45 часот, во спортски центар во Охрид, лишен од слобода ебил 34-годишен охриѓанец. Според СВР Охрид тој претходно, по завршување на спортски натпревар, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија.

Следи соодветна пријава.

Триесет минути по полноќ пријавен бил инцидент во ОВР Струга.

Околу 23 часот во зграда лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга, маж физички нападнал 32-годишна жена. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.03.2025 година во 23.18 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, лишен од слобода бил 31-годишен кичевчанец.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки кое, тој го управувал и по преземени мерки, констатирале дека тој е под дејство на алкохол. З.Р. веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик „Безобзирно управување со моторно возило“, стои во полицискиот Билтен.

OhridNews