На 28.11.2023 во 17.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа на кеј „Македонија“ во Охрид, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид.
На 28.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица, сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Тие, на 12.11.2023 година, на паркинг простор пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички нападнале две лица од Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, како и против 38 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во текот на минатата година, 49 годишното лице во својство на службено лице- вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал одобрение за градба на индивидуална станбена зграда во Охрид. 38 годишната жена како сопственик и инвеститор на градбата, без потребна техничко градежна документација, изградила повеќе катови од дозволеното, со што двајцата се стекнале со противправна имотна корист, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews