Во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден пријавено е агресивно и непристојно однесување кон наставник, жена касната од куче скитник, а пронајдена е и дрога кај малолетник од Струга.

На 18.11.2024 во 08.57 часот во СВР Охрид е пријавено дека, во едно основно училиште во Охрид, лице од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон еден наставник од училиштето. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.11.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Охрид, 40 годишна жена од Скопје пријавила дека на улица „Дејан Војвода“ во Охрид била касната од куче скитник.

На 18.10.2024 во 23.53 часот на улица „15 Корпус“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода лишија малолетник од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. За настанот биле известени јавен обвинител, Центарот за социјални работи, а во присуство на родител бил извршен службен разговор со малолетникот. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews