На 13.02.2025 околу 23.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле 43 годишно лице од Скопје, со живеалиште во Охрид.

Тој претходно агресивно се однесувал кон вработени и гости во угостителски објект на ул.„Железничка“ во Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

На 13.02.2025 во 19.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Македонски Просветители“ во Охрид, 45 годишно лице од Охрид било физички нападнато од 34 годишно лице од Охрид и уште едно лице.

Се работи на расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews